СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го сквернавеше Денот на републиката, Мицкоски кажа НЕ и на Илинден

СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ се однесувале срамно, ниско и недостоинствено за време на најголемиот државен празник 2ри Август – Денот на Републиката.

„Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево намерно доцнеше по агендата, ја напушти манифестацијата пред да се интонира државната химна, а собирот на кои илјадници граѓани масовно и достоинствено го чествуваа празникот, ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува во дневно партиски цели. Мицкоски како и секоја година избега од најважните локации, си правеше приватна прослава со стотина поддржувачи и оттаму сееше омраза и поделби“, се вели во соопштението на партијата.

СДСМ порача дека тоа е показател дека во ВМРО-ДПМНЕ и кај Мицкоски нема основно чувство за државност, нивното дејствување е исклучиво на штета на интересите на граѓаните и државата.

04.08.2022 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега