СДСМ: Владата продолжува со силна поддршка на македонското стопанство

Владата предводена од СДСМ во новата 2021 година преку одговорен, отчетен и инклузивен пристап, реализира политики што обезбедуваат економски раст, поконкурентна економија и подобар животен стандард за сите, соопштуваат од владејачката СДСМ.

Според партијата, во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки со кој поддршката за домашната економија, како што велат, ќе продолжи уште повеќе и уште подобро.

-Преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вбризгавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании. Дел од овие мерки е и КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии, со која 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица. Оваа година ќе биде година на економски раст, со силна поддршка за македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот.
СДСМ како одговорна партија продолжува со грижата за сите граѓани, за сите компании, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега