СДСМ: Владата предводена од СДСМ за само година и половина успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ

Владата предводена од СДСМ за само година и половина во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години, се вели во денешното соопштение на СДСМ

Откако го наследи автопатот Миладоновци - Штип со бројни пропуст, и едвај направени помалку од 50 отсто, за кусо време автопатот целосно е изграден. Решен е проблемот со експорпријација на земјиште, поставени се заштитни мрежи, а во моментов се градат сервисни патишта и се прави поврзување на на патниците, велат од СДСМ и додаваат:

„Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во вкупна должина од околу 700 километри. Она што е особено значајно, за првпат по 30 години истовремено се градат четири моста.

Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма која го гради автопатот Миладиновци - Штип за експресниот пат

Крупиште - Кочани дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба, односно трошоците за изградба на овој експресен пат е за трипати пониска од трошоците за изградбата на автопатот Миладиновци - Штип.

 

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура, продолжува реконструкцијата и изградбата по план на патни правци низ целата држава,“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега