Оваа ненародна власт предводена од шефот на криминалната организација ВМРО – Христијан Мицкоски, целосно ја узурпира државата, велат од СДСМ.

Судството, Обвинителството, полицијата, медиумите… сè е партизирано.

На клучните позиции се поставени најблиските соработници за целосна контрола врз сè.

Сега Мицкоски сака да ја укине техничката влада, единствениот преостанат механизам кој може да обезбеди барем минимални фер и демократски услови за избори.

Кога ќе исчезнат парите во буџетот за нивните приватни тендери и полнење на џебовите, тогаш ќе одат на избори.

Знаеме што нè чека потоа.

СДСМ и граѓаните извојуваа голема и значајна победа кога го стопираа планот на Мицкоски да воведе мигранти и со тоа да обезбеди пари за своите тендери.

Но, таа победа беше само една битка.

Мицкоски тогаш одби да ја потпише Резолуцијата со која граѓаните ќе беа сигурни дека нема да има мигранти.

Сепак, тој тивко го смени Законот за странци, ја смени терминологијата и мигрантите ги нарече „економски работници“.

Квотата ја зголемија на 10.000 економски работници за 2026 година.

Граѓаните се повеќе и повеќе на улиците ги гледаат „економските работници“ кои Мицкоски ги воведува на мала врата.

Техничката влада мора да остане.

Имаме поддршка која расте од ден на ден, а ВМРО падна за 150.000 гласови поради лагите, криминалот и корупцијата.

Граѓаните јасно гледаат што прават за да го заштитат Мицкоски и својата криминална организација од одговорност.

Техничката влада е воведена со консензус и со поддршка на меѓународната заедница и само така може да се укине.

Општеството денес, со влада составена од тендер коалицијата со ЗНАМ и криминалната група ВМРО на власт, не е зрело за укинување на техничката влада.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!, додаваат од СДСМ.

Exit mobile version