СДСМ: Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките

Бројката на новозаразени со корнавирусот во цела Европа, во земјите од регионот и кај нас, континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата, велат од владејачката партија откако вчера во земјава беа прујавени рекордни 445 новозаразени, но и 9 починати.

Од партијата порачуваат дека најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е почитувањето на ковид протоколите, носењето маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

„Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не биде во состојба да му овозможи нега секому кому му е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени“, се наведува во соопштението.

Во него се потсетува и дека заради поголема заштита на јавното здравје, Владата усвои нови мерки кои ќе стапат на сила откако ќе се усвојат законските измени во Собранието.

„Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, а во која насока ќе одиме и колку брзо ќе се стабилизира овој удар на вирусот, зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи“, порачуваат од СДСМ додавајќи дека носењето маска, одржувањето дистанца и редовната дезинфекција, се клучните три работи кои треба да ги почируваат граѓаните како превентивни мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега