СДСМ: Со нас борбата против аерозагадувањето е на прав пат

Мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции покажуваат дека политиките што обезбедуваат почист воздух се на прав пат. Ова го велат денеска од СДСМ.

- Преку Електрани на Северна Македонија обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди за 10.000 семејства. 10.000 домаќинства кои користат неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво и кои живеат во најзагадените општини како Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да аплицираат за ваучер во висина од 60.000 денари за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди. При реализација на мерката предност ќе имаат оние семејства чии вкупни приходи се до 30.000 денари. Греењето со инвертер клима уреди освен што е еколошко е и поевтино од греењето на дрва, што ќе обезбеди заштеда во домашните буџети и позитивно ќе влијае врз решавањето на проблемот со аерозагадувањето кој е најголем токму во грејната сезона, велат од СДСМ.

СДСМ уште еднаш докажува дека е посветена на квалитетна и здрава животна околина, што е предуслов за квалитетен живот на сите граѓани, што воедно е и една од главните заложби во Програмата „Живот за сите“.

-Продолжуваме со креирање и реализација на политки во интерес на граѓаните и животната средина. Б!, велат од владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега