Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, велат од СДСМ.
„Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата.
Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари, и укинување на ДДВ на основните прехранбени производи.
Потребно е итно воведување на мерките.
Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има пари за храна.
СДСМ веќе има предлог-законски решенија и мерки кои почнувајќи од утре ќе ги поднесеме во Собранието“, стои во соопштението од СДСМ.


