СДСМ: СДСМ: Влегуваме во НАТО со македонски јазик и македонски идентитет

Со постигнатиот конечен Договор за деценискиот спор со Грција македонскиот јазик и македонскиот идентитет се обезбедени еднаш засекогаш. Македонскиот јазик станува еден од јазиците НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската Унија. Тоа е потврда за нашиот, македонски идентитет, велат од СДСМ.

„Влегуваме во НАТО со македонски јазик и македонски идентитет. Со тоа се потврдува, Договорот е патриотски чин што го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина. По години изолација и неизвесност, Македонија конечно оди напред, станува 30 земја членка на НАТО и започнува преговори за членство во ЕУ во јуни 2019 година. Се остваруваат стратешки интереси и цели поставени уште од денот на осамостојувањето. Македонија станува дел од евроатлантското семејство кадешто вредносно и цивилизациски припаѓа“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

14.07.2018 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега