СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство

Одбраната на насилството од 27 април покажува дека матрицата на Груевски функционира преку Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Јанушев од МВРО-ДПМНЕ.

„Со ставот дека казните против злосторниците во Нирнбершкиот процес биле драконски, ВМРО-ДПМНЕ и денеска застана во одбрана на фашизмот и злостроствата направени во Втората светка војна.

Освен во одбрана на фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно се во одбрана на насилствата од 27 април наместо да ги осудат.

27 април е еден од најтрагичните датуми од независноста па до денес.

Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство!

Тоа докажува дека матрицата на Никола Груевски за насилство, криминал и конфликти функционира и денес преку Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заврши времето кога се нарачуваа и монтираа случаи, кога се вршеше политички прогон и кога се диктираа и пишуваа пресуди надвор од судовите, најчесто во белиот дворец.

Денес, обвинителството и судството работат независно и професионално, постапуваат согласно законите, во интерес на граѓаните, во служба на законите и правдината.

Република Северна Македонија е правна држава.

Мора да има правда. Одговорност мора да понесат сите оние кои го нарачале, организирале и извршиле насилството“, стои во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега