СДСМ: Резултати што прават разлика, СДСМ изгради и обнови 1.400 километри патишта, ВМРО-ДПМНЕ само 600


„Во изминатите години, СДСМ со своите одговорни политики создаде резултати што прават разлика.“-велат од СДСМ во своето соопштение.

-Во секој сегмент СДСМ има постигнато далеку подобри резултати во пократок период споредено со ВМРО-ДПМНЕ.

1.400 километри патишта изгради СДСМ за шест години, додека ВМРО-ДПМНЕ само 600 километри и тоа за период од 10 години.

Со довршување на патиштата што сега се градат, но и со реализацијата на коридорите 8 и 10 Д бројот на километри изградени патишта ќе стане уште поголем, а разликата уште повеќе изразена.

Резулати и исполнети ветувања што прават разлика во секој сегмент е најсвојствено за СДСМ.

Како најгопема, најсилна и државотворна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што носат резултати и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.-додаваат од партијата. 

 

29.05.2023 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега