СДСМ: Растот на извозот на Индексот на „Херитиџ“ потврдуваат- градиме развојна економија што отвора шанси за сите

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати од кои придобивки имаат сите граѓани, р ече денес на прес конференција Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ.

„Економијата е стабилна и се движи во добар правец.

Последниот показател за успешноста на економските реформи е растот на извозот во првите седум месеци од годинава кој е за 14,5 отсто поголем во однос на истиот период од 2018 година.

Успесите во економијата се и меѓународно признати.

Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата „Херитиџ“ државата е рангирана на 33 место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година.

Со тоа, нашата држава е најслободна економија во регионот.

При рангирањето, Индексот зема предвид четири фактори: владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност  и отвореност на пазарот.

Нашата држава е оценета како макроекономски стабилна, а треба да се работи повеќе на фискалната политика, непродуктивните трошења и сивата економија.

Како одговорна партија сериозно ги сфаќаме и критиките на „Херитиџ“.  Затоа, со политиките што веќе се имплементираат ќе се зајакне системот на спроведување на законите и подобрување на состојбите во адресираните прашања.

Продолжуваме посветено да работиме на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст и развој, зголемена конкурентност и стопанство ослободено од политички притисоци.

Градиме развојна економија што отвора шанса за сите“ рече Колемишевски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега