СДСМ: Препознаени реформите, Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството

Препознаени се реформите, Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството, се вели во соопштението на СДСМ.

„Според официјалниот извештај на Стејт Департментот на САД за човекови права, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството.

Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристрасно судство. Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години, стои во овогодишниот извештај. Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење. Секако дека постојат се уште предизвици и проблеми кои треба да се надминат, на што се работи, но констатациите на Стејт Департментот охрабруваат и мотивираат за уште поголема посветеност“, стои во соопштението на владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега