СДСМ: Позитивен сигнал е што Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот

Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува, реагираат од СДСМ на интервјуто на Мицкоски во Канал 5.

-Очекуваме дека разумот ќе преовладее кај сите и дека по цели 19 години Република Северна Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, солгасно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации. Пописот е важна статистичка операција за прибирање на целосни, точни и релевантни податоци кои се основата за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството. Секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа е возможно само со спроведен попис согласно сите меѓунардони стандарди, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа