СДСМ: Повредени полицајци на вчерашните протести, тоа го носи деструкцијата на ВМРО ДПМНЕ и Левица

СДСМ соопшти дека неколку полицајци биле повредени во вчерашните протести кои се случија пред Владата.
„Најмалку четворица полицајци се повредени по синоќешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
 
На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.
 
Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните. 
 
ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси. 
 

 

СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби“, соопшти СДСМ.
05.07.2022 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа