СДСМ: Поради мерките на Владата од денеска имаме поевтина храна

„Од денеска компаниите производители на основни продукти ќе добиваат поевтина цена на електричната енергија, како дел од антикризните мерки преземени од страна на Владата предводена од СДСМ.“, стои во соопштението на СДСМ.

Компаниите кои произведуваат основно прехранбени продукти од денеска ќе добиваат електрична енергија по фиксна цена од 80 евра за мегават час, што е двојно поевтина од цената на регулираниот пазар.

Ова ќе значи намалување на производствените трошоци, што ќе доведе до намалување на цените за крајните потрошувачи.

Треба да се напомене дека досега веќе е намалена цената на лебот, како и на некои млечни производи и масла за јадење, но во следниот период ќе се намалат цените и на останатите основни продукти помеѓу пет и 13 тсто.

Ова за граѓаните ќе значи поевтини производи и помали трошоци во семејниот буџет.

Инаку, Владата продолжува со субвенционирање на цената на електричната енергија од 80 отсто за 600.000 домаќинства и за 72.000 домашни компании.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот
Продолжува и поддршката за субвенционирање на сметки за електрична енергија за околу 4.000 семејства со ниски примања.“, се вели во соопштението.

 

01.12.2022 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега