СДСМ: Пописот на населението што ќе се одржи на пролет ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци

Пописот обезбедува сигурен и предвидлив развој на државата, секоја политичка партија има обврска да го поддржи овој важен процес, велат од СДСМ преку соопштение.

„Пописот на населението што ќе се одржи на пролет ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, како се основа за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството, за сигурен и предвидлив развој на државата.

По речиси две децении без попис во државата има недостаток од квалитетни статистички податоци не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики.

Со пописот како независна статистичка операција ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, карактеристики на лицата со посебни потреби, образовни, етничко-културолошки, миграциони, религиозни карактеристики за населението, домаќинствата и граѓаните во државата.

Пописот е во рацете на професионални државни институции, како што е Државниот завод за статистика и ќе се организира според сите меѓународни стандарди, по комбиниран модел, со класично попишување на терен, но и со користење на бази на податоци, кои ги има државата.

Пописот ќе биде безбеден од здравствен аспект, бидејќи државата и во услови на пандемија покажа дека има капацитет на организира сложени операции со масовно учество на граѓаните, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита на здравјето.

Секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа е возможно само со спроведен попис по сите меѓунардони стандарди“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа