СДСМ: Попис на населението ќе има напролет, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

СДСМ и парламентарното мнозинство се посветени на носење на Законот за попис со кој во 2021 година ќе се одржи попис кој е неопходен за развојот на државата, велат од владејачката СДСМ.

Според партијата,со предлог Законот за попис, целта е оваа статистичка операција да не се третира како политичко прашање.

-Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари. Неконструктивната опозиција и сега е против одржување на попис. Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски нема што друго да понуди, па само прави блокади. Во собранието ВМРО-ДПМНЕ ги блокира дополнувањата на Деловникот ги блокира измените на Законот за здравствена заштита, Законот за внатрешни работи, едноставно опозицијата блокира се што е во интерес на граѓаните и државата, се вели во дописот од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Македонија е единствена во регионот и пошироко, која нема организирано попис 18 години.

-Релевантни и точни статистички податоци за нашето население им се неопходни на граѓаните, институциите, бизнисот и науката, неопходни се за развојот и растот на економијата. Затоа попис напролет ќе има. СДСМ ќе продолжи да работиме за доброто на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами, блокирани, изолирани во белата палата во стечај, да ги бројат своите порази, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега