СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата - во содржината ќе се додаде уставното име на државата

СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата и така во содржината се додава уставното име на државата „Република Северна Македонија“, пренесува Телма. 

За документот на опозициската партија, иако беше најавено денеска, сепак, ќе се расправа во законодавниот дом во текот на наредната недела.

СДСМ потенцира дека за нив суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на додавката „северна“ во името на државата, би било кршење на Уставот.

 

22.07.2021 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега