СДСМ: По дебкалот на „протестите” јасно е дека на Мицкоски не му веруваат ниту тие 45 учесници

По дебкалот на „протестите” јасно е дека на Мицкоски не му веруваат ниту тие 45 учесници, а не пак народот, реагираат од владејачката СДСМ по вечерашните протести на опозицијата.

-Целосно издиша хистеријата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заснована на лажни вести, лицемерие и лажен патриотизам.Вечерва со дебаклот на таканаречениот протест, стана повеќе од јасно дека на Мицкоски веќе не му веруваат ниту во самата партија, не му веруваат ниту тие 45 присутни во центарот на Скопје, а не пак народот на кој Мицкоски лицемерно се повикува.Граѓаните совршено добро знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата, а кој работи против интересите на државата, како што тоа го прави Мицкоски цели три години.Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција, се вели во реакцијата од СДСМ.

Според владејачката партија, Мицкоски вечерва добил шлаканица од македонскиот народ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега