СДСМ: Од почетокот на пандемијата Мицкоски е опасен по јавното здравје- жртвите од коронавирусот ги сведува на статистика

Од почетокот на пандемијата Христијан Мицкоски е опасен по јавното здравје и секоја прилика ја користи за поткопување на здравствениот систем, реагираат од СДСМ на изнесениот став од страна на Мицкоски.
 
„Кај Мицкоски нема ниту грам сочувство за лицата заболени од коронавирусот, за семејствата на починатите од Ковид 19.  Напротив, мрачниот некрофил Мицкоски ја злоупотребува нивната несреќа, организира морбидни перформанси на кои се сити на несреќата на починатите и нивните семејства.
 

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно одмагаат наместо да помогнат во справувањето со пандемијата. Наместо на страната на јавното здравје, тие се на страната на вирусот. Заради таквиот нечесен и неодговорен однос Мицкоски уште долго ќе остане во опозиција.“ велат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа