СДСМ: Очајното ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува несреќи и трагедии

Очајното ВМРО-ДПМНЕ немајќи никаков план, никаква идеја ниту политички концепт почна и сообраќајните несреќи и трагедиите да ги злоупотребува.

Додека се уште се свежи страотните сцени од несреќата кај Ласкарци, додека луѓе се уште закрепнуваат од повредите, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски побрза преку лажни информации да манипулира.

Изубена и неморална е онаа партија која се надева дека ќе профитира врз човечки трагедии.

Министерството за внатрешни работи категорично ги демантираше лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е соопштено, изврешена била редовна контрола над споменатото авто-мото здружение а за утврдените недостатоци во работењето, кои се однесувале на соодветно видео снимање на возилата, изречена била Забрана за вршење технички преглед на возила. Откако неправилноста билаотстранета стручни лица на МВР констатирале дека се исполнеи зкаонските услови и може да се продолжи со работа.

Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај,

Веќе е започната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега