СДСМ: Новата Влада на СДСМ ќе има помал број министри, а ќе обезбеди повеќе и подобри услуги за граѓаните

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, чија задача ќе биде и да спроведе сериозна реформа на јавната администрација, велат од партијата преку соопштение.

Оттаму најавуваат реформа за ефикасно служење на потребите на граѓаните.

о и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и  рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните. Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните и затоа во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните. Дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници, се вели во дописот од СДСМ.

Според партијата, граѓаните им ја дале довербата бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работат уште повеќе и уште подобро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега