СДСМ: Нов раст на платите во обрзованието, Владата покажува дека вистински се грижи за граѓаните

Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани, велат од СДСМ преку соопштение.
 
„Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година.
 
Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар,  откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто.
 
Севкупно, наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.
 
СДСМ и Владата која ја предводи продолжува да работи во насока на подобрување на образовниот процес вклучително и преку поставување на дигнитетот на наставничката професија на повисоко ниво, вреднување на трудот и поголема мотивација на наставниците“ велат од СДСМ преку соопштение.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега