СДСМ: Неспособни расипници, ВМРО-ДПМНЕ прави 16 милиони евра долг во 4 општини

 
„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за речиси година и половина прави долг од над 16 милиони евра, во четири општини.
 
Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра.
 
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како неспособни расипници, кои задолжуваат богати и финансиски стабилни општини, за да ги трошат парите на партиски вработувања и непродуктивни торшоци.
 
Граѓаните им дадода доверба да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветените проекти, а добиваат поскапи комунални услуги и долгови коишто ќе ги отпалаќаат со години.
 
ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски донесоа хаос во општините.
 
Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега."-велат од СДСМ.
02.02.2023 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега