СДСМ: Недозволиво е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кое сака да ги злоупотреби заболените и починатите од Ковид

Очајниот губитник Христијан Мицкоски бесрамно продолжува да злоупотребува човечки судбини во сопствената борба за спас на фотелјата во белиот дворец, велат во реакција од СДСМ.
 
Од партијата реагираат и велат дека токму затоа што заболените и почитнатите од Ковид 19 не се бројка туку луѓе, недозволиво и срамно е однесувањето на Мицкоски кој сака да ги злоупотребува, а при тоа и да работи на директна штетата на здравјето на сите.
 
„За време на целата пандемија, однесувањето и дејствувањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е опасно по јавното здравје. Додека сите институции, сите здравствени работници неуморно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да го поткопаат здравствениот систем.
 
Таквото однесување граѓаните го ценат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе се во опозиција“ стои во реакцијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2020 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа