СДСМ не гледа потреба од лидерска средба

Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ во одговор на новинарско прашање.

-Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа, изјави портпаролката Кузеска.

Според неа, Мицкоски не е за договор на било која тема, туку тој бара начин само како да и наштети на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега