СДСМ: Наќе Чулев е виновен за короната

Наќе Чулев е виновен што расте бројот на позитивни и починати како последица на КОВИД пандемијата, тврди владејчката СДСМ во писмено соопштение испратено утрово.

„Нема крај лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија продолжува да дејствува опасно по јавното здравје и бесрамно ги злоупотребува човечките судбини, за спас на фотелјата на губитникот Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронакризата видовме само опструкции, критики и лицемерно однесување.

Кога започна пандемијата, тие се исмеваа со корона-вирусот, прво беа против вонредна состојба, а после бараа вонредна состојба.

Нивниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не казнуваше за непочитување на мерките, а дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска ги закочи средствата од Светска банка за опремување на ковид-болниците за справување со здравствените предизвици.

Сакаа да ги одложат парламентарните избори за наесен, поради лажна загриженост за здравјето на граѓаните, а целата кампања ја истераа со масовни собири, со целосно игнорирање на мерките за заштита.

По изборите, продолжи кочењето и саботирањето на системот и мерките, во Собранието со одолговлекување на донесувањето на измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, со барања за формирање паралелна здравствена комисија, за ребаланост на Буџетот.

Истовремено организираат масовни собири, на кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита.

И сега прават перформанс за луѓето кои, за жал, ја изгубија битката со болеста.

Наместо 1071 каранфил, ВМРО-ДПМНЕ треба да упати 1071 извинување за сета штета што ја прави кон граѓаните и кон здравствениот систем.

Нема крај на бесрамноста на ВМРО-ДПМНЕ.“ - велат од СДСМ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега