СДСМ: На Скопје му се случува катастрофа, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос

 

По една и пол година владеење на неспособната ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и Данела Арсовска, Скопје е во хаос. На Скопје му се случува катастрофа, сообраќајот е во колапс, Градот е со блокирана сметка и пред банкрот, иако има годишен буџет од 100 милиони евра, а на сметка наследија плус 13 милиони евра од претходната власт, се вели во соопштението од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска потрошија над сто милиони евра народни пари а, не се реализираше ниту еден капитален проект а Градот и јавните претпријатија тонат во долгови. Банкрот на градот ќе значи целосен колапс на јавните претпријатија, целосен колапс на градската администрација, велат од владејачката партија.

Јавниот превоз во Скопје со месеци е во хаос. Ги нема ветените 250 нови автобуси, нема ни бесплатен јавен превоз, редовниот превоз сериозно е редуциран. Сообраќајот дополнително е колабиран по затворањето на мостот „Беласица“, проблем што мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска целосно го игнорираат. Арсовска ги откажа и запре проектите за подобрување и унапредување на сообраќајот во Градот, како БРТ, мостот на булевраот АСНОМ, а клучката кај Момин поток и пробивањето на улицата Есенинова се одвиваат бавно и со застои. Скопје и скопјани не заслужуваат ваква расипничка и неспособна градска власт, вели СДСМ во денешното соопштение.

21.05.2023 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега