СДСМ: На Мицкоски око не му трепнува за граѓаните, прави голема штета врз државата

СДСМ го обвини Христијан Мицкоски дека е кажен патриот и најголема грижа му била неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски е лажен патриот, без основно чувство за државност, чија најголема грижа е одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Со секоја нова пресуда за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски станува негов уште пожесток бранител.
 
Нему око не му трепнува за граѓаните кои осиромашувале, додека ВМРО-ДПМНЕ ги крадело, затоа сите украдени пари од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат кај граѓаните.
 
Наместо да повика на одговорност и да им се извини на граѓаните, Мицкоски се обидува да им го продаде својот лажен партиотизам.
 
Тој прави голема штета за државата, дома глуми патриот а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции.
 
Мицкоски им нанесе сериозен удар на државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, исто како што пред поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, велеше дека го поткрепа Договорот за добрососедство.
 

 

Тоа е лажното лице и неодговорното однесување на Мицкоски“, велат од СДСМ.
17.06.2022 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа