СДСМ: Мицкоски за спас на својата фотелја го загрозува здравјето на своите партиски членови и граѓаните

За да ја спаси фотелјата во белиот дворец, губитникот Христијан Мицкоски го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје, велат од СДСМ преку соопштение. 
 
Од партијата нагласуваат дека во време кога државата се соочува со есенски бра на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема, масовно се прекршува.
 
„Таквото крајно неодговорно, себично, незрезло и несовесно однесување не е ништо ново од Мицкоски, тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше истите да ги прикрие.
 
На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните, воопшто нее загрижен за состојбата со коронавирус, негова единствена цел е да ја зачува фотелјата во белиот дворец по секоја цена иако пред јавноста вети дека ќе даде оставка ако не победи на изборите и не формира влада.
 
Заради лицемерниот однос, заради дејствувањето против здравјето и интересите на граѓаните, Мицкоски три пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција“ велат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега