СДСМ: Мицкоски секој ден бара избори за да ја прикрие неспособноста на неговите градоначалници, избори ќе има во 2024

Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби, реагира владејачката СДСМ на интервјуто на Мицкоски за Сител.

-Нервозен е Мицкоски затоа што јавноста гледа дека неговите градоначалници не само што не работат, туку уште во првите месеци се фрлија на расипништво и партизација на општините. Затоа Мицкоски со секојдневни барања за избори, со нарачани анкети сака да го оттргне вниманието од неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска. Новата Влада со полн легитимитет се формираше пред пет дена и нејзиниот мандат е до 2024 година, Мицкоски може да бара избори колку што сака, избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, граѓаните се уморни од избори.

-Граѓаните се уморни од избори и бараат решавање на проблемите а не ново заглавување и закочување на државата. Барањето на Мицкоски е обид за опструкција на општеството. Христијан Мицкоски е најмалку повикан да зборува за енергетиката и енергетската криза. Двојно зголемување на цената на струјата, укинување на евтината дневна тарифа, честите повеќеднвени испади на енергетската мрежа се резултатите од неговото долгогодишно директорување со ЕСМ и советување на Никола Груевски. Наместо идеи предлози, се што прави Мицкоски се несоновани критики и обвинувања, се вели во реакцијата.

 

21.01.2022 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега