СДСМ: Мицкоски се скара со Данела Арсовска само заради пари

Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се менува.
Христијан Мицкоски се скара со Данела Арсовска само заради пари, тендери, влијанија и бизнис интереси. Вака од владејачката СДСМ ги коментираат препукувањата меѓу опозицискиот лидер Мицкоски и градоначалничката на Град Скопје, Арсовска.
 
„Тендер вреден 136 милиони евра е причина за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски.
Сега Мицкоски пред граѓаните треба да каже, која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра за пречистителната станица? 
 

 

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски преку криминалниот проект Скопје 2014 година му приредија катастрофа, сега Мицкоски преку Скопје 2024 сака да му приреди нова катастрофа на градот“, стои во соопштението на СДСМ испратено вечерва до медиумите.
15.09.2022 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега