СДСМ: Мицкоски поразен - парламентарното мнозинство е стабилно

Владата предводена од СДСМ има стабилно парламентарно мнозинство, што се покажа со гласањето доверба во Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лаги дека само што не направиле ново парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, дека губитникот Мицкоски ќе стане премиер, велат од владејачката СДСМ во соопштение до јавноста.

Според партијата, лагите на Мицкоски за некакво ново мнозинство биле наменети исклучиво за негови внатрешни партиски потреби, за борбата за превласт во „Белата палата“.

-Колку повеќе Мицкоски е загрозен внатре во партијата, толку повеќе неговите пратеници ја опструираат работата во парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци не влегуваат во салата кога се одржуваат седници со цел да не се исполни кворумот за работа. Преку комисиите со кои претседаваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го кочат носењето на важни закони во интерес на граѓаните и државата. Сето тоа им се удри од глава на седницата на која беше изгласана доверба на Владата. Разбиена е фатаморганата на Мицкоски, потонати се лаги на ВМРО-ДПМНЕ. Со опструкциите не постигнуваат ништо, освен што им нанесуваат штета на граѓаните и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да научат нешто од овој пораз, се вели во дописот.

Сппоред владејачката партија, со или без ВМРО-ДПМНЕ власта продолжува да носи законски решенија важни за граѓаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа