СДСМ: Мицкоски покажа дека не го интересира ниту здравјето, ниту интересите на граѓаните

Мицкоски ја промашил емисијата, изгледа мислел дека се работи за „само лаги” Губитникот Христијан Мицкоски вечерва ја промаши емисијата во која гостуваше. По количината на изнесени лаги, изгледа мислел дека се работи за „само лаги” наместо „Само вистина“.

Ова е дел од реакцијата на владејачката СДСМ на денешното гостување на опозицискиот лидер, Мицкоски во „Само Вистина“.

Според партијата, Мицкоски покажал оти не го интересира ниту здравјето, ниту интересите на граѓаните, ниту интересите на државата.

-Негов единствен интерес е да ги брани криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и да дејствува по нарачките од Будимпешта во бесконечни обиди да го закочи напредокот на државата и затоа шири лажни вести и дезинформации каде ќе стигне. Мицкоски глуми загриженост за јавното здравје, а организира јавни собири на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот. Глуми загриженост за стандардот на граѓаните, а се противи на сите мерки што значат повеќе пари во домашните буџети, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, за таквото негово неодговорно и антидржавно дејствување Мицкоски е трипати казнуван од страна на граѓаните на избори.

-Единствениот исправен потег што губитникот Мицкоски може да го стори е да го одржи ветувањето и да си даде оставка откако не победи на изборите и не успеа да формира влада, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега