СДСМ: Мицкоски може да понуди единствено 14.835 блокади и лажни вести

Христијан Мицкоски вчера потроши повеќе време за неосновано да го напаѓа СДСМ и претседателот Зоран Заев, отколку да им понуди на охриѓани и граѓаните на државата, реални издржани мерки и проектиреагираше утрово владејачката партија.

-Сето тоа кажува колку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат понуда на овие избори и дека ќе ја користат секоја прилика преку лажни вести и конструкции да бараат алиби за поразот што им следува на изборите. Не проекти, Мицкоски може да понуди единствени 14.835 блокади и лажни вести со кои ќе им нанесува штета на граѓаните и државата. Тоа го правеше во сите изминати години, а и се уште го прави. Таквиот однос кон сопствената држава, кон сопствениот народ му е рецепт за уште еден нов, седми пораз по ред на изборите. Се додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира ќе губи од граѓаните, а во меѓувреме СДСМ ќе продолжи да го носи најдоброто за секоја општина, за секое населено место, најдоброто за државата, се вели во реакцијата.

28.09.2021 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега