СДСМ: Мицкоски ќе ги изгуби изборите во 2024 година, неговите изјави се за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ
Парламентарните избори ќе се одржат во 2024 година и на тие избори Мицкоски ќе загуби.
Очајните постапки на Мицкоски и неговите изјави се лажни и единствено му служат за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Таква е и последната изјава дека ќе освоел 61 пратеник, слична на изјавите на Никола Груевски.
Редовни избори во 2024 година е она што го плаши Христијан Мицкоски. Знае дека го чека пораз.
Што сака Мицкоски да сокрие?
- Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување за граѓаните, за шест месеци не сработеа ништо, немаат ниту еден свој реализиран проект, тоа се најслабите градоначалници досега.
- Мицкоски не успева да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, следува одговорност за сите криминалии.
- Не успева да го блокира Собранието, неговите деструкции се поразени.
- Постои незадоволство во ВМРО-ДПМНЕ од неговите лаги и неспособност, сака да купи уште некој месец за да прикаже дека нешто работи.
- Менаџирењето на Владата предводена од СДСМ со најголемата економска и енергетска криза по Втората светка војна дава успешен резултат, се штити стандардот на граѓаните.
Граѓаните го читаат Мицкоски како Буквар и знаат дека не вреди да се закочи, да се блокира и да и се наштети на државата само за тој да си ја задржи својата фотелја во белиот дворец. Тоа го знаат и внатре во ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
14.05.2022 - 19:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа