Владата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.

•  На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија.

•  На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка.

•  На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници.

За само три недели – нов долг од над 70 милиони евра.

За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување, велат од СДСМ.

Ова не е економска политика.

Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери.

Во исто време:

•  Инфлацијата ги јаде платите и пензиите.

•  Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон.

•  Минималната плата остана замрзната.

•  Потрошувачката кошница расте секој месец.

А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар:

Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) – затоа што Владата не избра изведувач.

Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит.

Значи – повторно задолжување.

Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода.

А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари.

Долгот расте.

Цените растат.

Животниот стандард паѓа.

Оваа Влада нема економска стратегија.

Има само стратегија за преживување преку задолжување – на грбот на граѓаните и на идните генерации., додаваат од СДСМ.

Exit mobile version