СДСМ: Мицкоски и штети на државата, но нема да успее да го закочи напредокот

Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата. Мицкоски бега од лидерска. Има забелешки за попис а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива. Мицкоски е против правдата, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство, велат од партијата и додаваат:

„Со половина уста бара предвремени избори, а не сака да зборува за подобрување на изборниот законик, затоа што знае дека ќе ги загуби. СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат. Одбраната на криминалот на Никола Груевски нема да успее. Напредокот ќе продолжи, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега