СДСМ: Мицкоски е против неселективно владеење на правото, но од правдата нема да избега

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Христијан Мицкоски и раководството на опозициската партија по секоја цена се обидуваат да ја попречат правдата, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата велат дека единствената цел на Мицкоски е да го брани криминалот на неговиот ментор и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски.

„Со неприфаќањето на предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води Јавното обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само бараат алиби за неприфаќање на Предлог законот за Јавно обвинителство.

Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против владеење на правото, против правда и независен и неселективен судски систем.

Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи, предлагаа спојување на СЈО во ОЈО.

Во ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство  немаше барање за прекин на мандатот на обвинителката Рускоска.

ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против Рускоска, но откако увидоа дека институциите работат неселективно и по сите прописи, наеднаш тоа почна да им пречи.

Мицкоски не сака да продолжи правдата, му смета гонење на криминалот и затоа побегна од лидерска средба но од правдата нема да избега.

Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата и ќе одговара колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега