СДСМ: Мицкоски црнилата завршија, немаш ниедна идеја и план

Мицкоски не ги виде црнилата кои 11 години ја уништуваа Македонија поради бизнис со хидроцентрали, црнилата завршија, режимот е поразен, сега Македонија чекори кон светла иднина.

Граѓаните вечерва видоа уште едно бледо и конфузно издание на Христијан Мицкоски, очаен во обидите да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Нема Мицкоски ниту една идеја, нема ниту еден предлог, нема план, програма, не може да понуди ништо кое би имало значење за подобар живот на граѓаните, за интересите на државата.

Фокусот на Мицкоски повторно е на судството и на обвинителите. Тоа потврдува дека единствената агенда, единственото нешто за коешто се грижи Мицкоски е одбрана на криминалот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

На раб на очај се обидите на Мицкоски да го покрие своето учество во криминалните шеми и криминалното владеење на режимот на Никола Груевски.

Граѓаните многу добро знаат Мицкоски не бил дел од кабинетот на некој „поранешен премиер“ туку бил дел од кабинетот на Никола Груевски, носителот на режимот, на криминалот и сите црнила што 11 години и се случија на Македонија.

Токму Мицкоски бил лева рака на Груевски и во партијата, во криминалната ВМРО-ДПМНЕ бил генерален секретар.

Цела децинија Мицкоски молчеше за црнила кои 11 години ја уништуваа Македонија, ги осиромашија граѓаните а од земјава направија заробена држава. Тогаш бизнисот со хидроцентрали што му го додели токму Никола Груевски беше доволно светло за Мицкоски.

Македонија излезе од црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и сега оди напред.

Македонија и нејзините граѓани чекорат кон светла иднина, кон ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами во црнилата, остануваат сами во одбраната на криминалите.

Центар за комуникации со јавност – Социјалдемократски сојуз на Македонија
 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2018 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега