СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати

Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од коронакризата, креирани и реализирани до институциите предводени од СДСМ даваат резултати, тврдат од владејачката партија.

Според СДСМ, со четирите пакети мерки 860 милиони евра завршиле директно кај граѓаните и во стопанството.

-Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена. Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека 5 отсто е растот на даноците и придонесите. Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти. Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува, се вели во соопштението.

Партијата вели дека продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа