СДСМ: Левица и Апасиев го земаат Мицкоски во заложништво

 

Вистинската опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава доаѓа од Левица и нејзиниот претседател Димитар Апасиев. Левица во својата програма се противи на евроинтеграцијата и на членство во НАТО, велат од СДСМ.

СДСМ соопшти дека уште поголема опасност е дека Левица го зема во заложништво Христијан Мицкоски

„Човек без став, визија и одлучност лесно може да биде земен во заложништво, што токму сега се случува со Мицкоски, кому Левица му дише во врат.СДСМ и демократските сили нема да дозволат патот кон европската иднина да биде напуштен, поради неодговорни пиромани како Апасиев и Мицкоски“, порачаа од владејачката партија.

15.11.2022 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега