СДСМ: Крајно несериозно е Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за грижа за земјоделството

Крајно несериозно е Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за грижа  на полето на земјоделство, кога цели 11 години ги игнорираа вистинските и реални потреби на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и невистини, реагира СДСМ на прес конференцијата Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цветан Трипуновски како поранешен директор на Државниот инспекторат за земјоделство и поранешен вработен во МЗШВ треба да знае дека откупот на краставицата е веќе на крај, а не на почеток.

Трипуновски наместо да шири лаги и невистини треба многу добро да знае дека на почетокот на откупот цената на краставицата беше од 70 до 80 денари, а според пазарните услови цената се намалува на крај.

Oткупот и продажбата на земјоделски производи бележат раст, и во првиот квартал од годинава се повисоки за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.

Кога се во прашање откупните цени, во 2016 година откупната цена на пролетната зелка беше 25,4 денари за килограм а оваа година 49 денари во ек на откуп. Последните две години тутунот достигна рекордно највисоки откупни цени од 217, 6 денари за килограм реколта 2017 и 214,5 денари за килограм од реколта 2018. Откупот на оризот од реколтата 2018 заврши со највиоски откупни цени, белиот ориз се

oткупуваше по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 –та кога откупната цена беше од 35 до 37 денари.

Црвената пиперка во 2016 се откупуваше по 22 денари  за килограм, сега 30,4 денари.

Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството.  Oфицијалните податоци ја докажуваат успешноста на земјоделските политики на СДСМ. Се враќа достоинството на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец.“, наведено е во реакцијата на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега