СДСМ: Ќе платиме 80% од сметките на граѓаните за струја

 
 
Во соопштение до медиумите, од СДСМ утрово потенцираат дека ќе платат 80% од сметката за струја на 650.000 домаќинства. 
 
„Економско енергетскиот совет на Владата, на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима. 
Донесена е одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната самоуправа.
 
Тоа значи дека во текот на целата зима, образовниот процес ќе се одвива непречено и со физичко присуство“, велат од СДСМ. 
 
„Дополнително, државата ќе продолжи да ја субвенционира сметката за електрична енергија од 80 отсто за 650.000 домаќинства, а над 70.000 компании и други правни субјекти ќе добиваат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската.
Како одговорна, државотворна партија СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат помош за граѓаните и стопанството со цел полесно пребродување на последиците од светската економска и енергетска криза“, се потенцира во соопштението на владејачката партија. 
29.09.2022 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега