СДСМ: Груевски е вистинскиот лидер на ДПМНЕ - ќе биде уапсен во моментот кога ќе стапне во земјава

„За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.
Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен“. Вака реагираат од владејачката партија преку писмено соопштение испратено до медиумите.
„Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.Неговата политика против Европа ќе се покаже како катастрофална за неговата партија и за него.
СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник. Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел, членство во ЕУ“, стои во реакцијата на владејачката партија.
19.09.2023 - 20:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа