СДСМ: Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот

Рекордните бројки на инфицирани со коронавирусот во земјата бараат дисциплина од сите граѓани, доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите, велат од СДСМ.

Според партијата, сите мора да се солидарни во борбата против невидливиот непријател.

-Најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете. Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, ако сите ги почитуваме мерките за заштита ќе го зауздаме растот на новоинфицирани, ќе го спречиме ширењето на вирусот. Почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците. Мерките предложени од Комисијата за заразни болести,  кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството, се вели во соопштението од владејачката партија.

Оттаму велат дека Владата веќе им ги зголемила ингеренциите на сите инспекторати да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите.

-Во борбата против коронавирусот клучно е совесното и одговорно однесување на грѓаните, клучно е дисциплинираното почитување на мерките – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција. Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата и секогаш и секаде да ги почитуваме мерките за заштита и ковид протоколите, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега