СДСМ: Граѓаните ќе порачаат - режим никогаш повеќе

ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи. Ова го велат денеска од СДСМ.
 
- Излегувањето на прес-конференции на кои освен невистини и лажни, непостоечки  сценарија нема ништо ново да се слушне, стана секојдневие кај ВМРО-ДПМНЕ. Овојпат на говорницата за пласирање на лаги излезе адвокатката Николовска која остана запаметена во јавноста како бранител на обвинетите за 27 април, како и обвинети во предмети кои ги водеше своевремено СЈО.  Како вистински бранител на претставниците на режимската влада предводена од Груевски. Горан Ѓошевски, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески се дел од обвинетите по разни предмети , зад чија одбрана стои токму адвокатката која денес потврдува дека се залага за враќање и обнова на режимот. Очигледно е дека како ќе се наближува денот на избори ,така исчадените петарди ќе стануваат секојдневие на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за опојни дроги беше донесен за време на ВМРО-ДПМНЕ, а за него гласале и Милошоски и Стефананџија и Ѓорчев, гласните пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денес како да заборавило ВМРО-ДПМНЕ за овој факт. Очигледна е безидејноста и очајот во кој е западната оваа партија, велат СДСМ.
 
Од партијата додаваат дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.
 

 

- На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!, велат тие.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега