СДСМ: Градоначалникот на Петровец осомничен за злоупотреба на половина милион евра

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за граѓаните, работат само за своите и партиските интереси.
 
Како што објави, Јавното обвинителство отвори истрага против градоначалникот на општина Петровец, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски и неговиот брат, под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари.
 
Според информациите во јавноста, градоначалникот Митевски се сомничи дека во период од шест години, потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирми, чиј вистински сопственик е неговиот брат.
 
Го охрабруваме надлежното јавно обвинителство до крај да ги истражи овие индиции за сторен криминал на штета на општината и граѓаните.
 
Оваа истрага е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од криминалната матрица, дека Христијан Мицкоски се уште е опкружен со криминогени ликови од времето на режимот.
 
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како најнеспособни, за шест месеци мандат не реализираа ниту еден проект, а проектите започнати од претходните локални власти на СДСМ ги промовираат како свои.
 

 

Но затоа веднаш почнаа да аздисуваат со народните пари, трошат стотици илјади евра за непродуктивни трошоци и партиски вработувања.
 

Центар за комуникации со јавноста СДСМ

17.05.2022 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега