СДСМ: Градиме по план

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат со засилено темпо на реконструкција на клучните сообраќајници во општина Ѓорче Петров. Ова го велат денеска од СДСМ.
 
- Заврши првата фаза од реконтрукцијата на улицата Ѓорче Петров.  Целосно е реконструиран коловозот и поставена е нова хоризонтална сообраќајна сигнализација. Реконструкцијата на оваа улица продолжува се до бензинската пумпа Макпетрол, односно до излезот на Скопје, во вкупна должина од 1.500 метри. Со ова западниот влез во Скопје ќе биде целосно реконструиран. Истовремено, забрзано се работи на реконструкција на улицата Борис Сарафов во вкупна должина од 1.700 метри, велат од таму.
 
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски остануваат целосно фокусирани на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Ѓорче Петров.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега