СДСМ: Го враќаме достоинството на земјоделците и парите на граѓаните

СДСМ утрово со соопштение за јавноста кое ви го пренесуваме интегрално.

 Аграрните политики даваат резултат, раст од 5,9 отсто на откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тромесечие

 Политиките на Владата предводена од СДСМ во земјоделството и зголемената поддршка за земјоделците даваат реални резултати.

 Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е поголем за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.

 Забележен е и раст на извозот на земјоделски прозиводи кој во првото тромесечие од годинава е зголемен за 8 отсто или за 42,2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година.

 Зголемената поддршка за земјоделците, помошта за младите земјоделци, зголемените субвенци и нивната неселективна и навремена исплата придонесуваат за зголемено и поквалитетно земјоделско производство конкурентно на домашниот и странските пазари.  

 Оваа тенденција на раст ќе продолжи во текот на годината. Со воведувањето на „зелената нафта“ со придвижувањето на евоинтеграциите се отвораат можности за поконкурентно производство и пристап до нови пазари, што ќе резултира со зголемен, навремен и сигурен откуп на земјоделското производство.

 Продолжува вистинската грижа за земјоделците. Се враќа достоинството на земјоделците и се унапредува земјоделството како една од најважните стопански гранки.

 Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството, зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега